петок, 26. ноември 2021. Вести денес: 152
home Фудбал

Гвардиола за победата над ПСЖ: Тоа беше прекрасна вечер за нас

Гвардиола за победата над ПСЖ: Тоа беше прекрасна вечер за нас

Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола им се заблагодари на нави вачите за поддршката по победата синоќа над Пари Сен-Жермен во 5. коло од Лигата на шампионите.

– Секогаш е опасно кога ја имаат топката во третата зона. По голот на ривалите бевме нокаутирани пет или десет минути. Им благодариме на нашите навивачи што дојдоа и не поддржаа. Тоа беше прекрасна вечер за нас, изјави Гвардиола за официјалниот сајт на УЕФА.

Головите за Сити ги постигнаа Рахим Стерлинг во 63. минута и Габриел Жезус во 76., претходно гостите од Париз поведоа преку Килијан Мбапе во 50. минута.

Двете екипи веќе го обезбедија учеството во осминафиналето од елитното фудбалско натпреварување.

Коронавирус