среда, 25. април 2018. Вести денес: 23
home Фудбал

Гвардиола: Уште во септемри знаев дека ќе ја освоиме титулата

Гвардиола: Уште во септемри знаев дека ќе ја освоиме титулата
epa06669933 Manchester City manager Pep Guardiola gestures 'one more win' after winning the English Premier League soccer match Tottenham Hotspur vs Manchester City at Wembley Stadium, London, Britain, 14 April 2018. EPA/ANDY RAIN EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos or 'live' services. Online in-match use limited to 75 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, изјави дека уште во септември по триумфот над Челзи, сфатил дека неговиот тим е најсериозен кандидат за титулата во Премиер лигата.

Според Гвардиола и покрај минималната победа од 0:1 на „Стемфорд бриџ“, таа сепак на неговиот тим му дала голема самодоверба.

– Мислам дека победата беше исклучително важна, бидејќи ни даде самодоверба за целата мината сезона. Со победата на „Стемфорд бриџ“ го добивме она чувство дека можеме да ја освоиме титулата, истакна тренерот на Сити.

Гвардиола нагласи дека неговиот тим е составен главно од млади, но квалитетни играчи кои постојано мора да се подобруваат и докажуваат. Според него оваа титула е исклучително важна за Сити да се изгради и како клуб, бидејќи не е како Манчестер јунајтед, Челзи и Арсенал кои имаат богата историја зад себе.

МИА