петок, 25. септември 2020. Вести денес: 181
home Фудбал

Гвардиола: Трката за титулата е завршена!

Гвардиола: Трката за титулата е завршена!

Манчестер сити синоќа загуби од Вулверхемптон со 3-2 во рамки на 19.коло во Премиерлигата и сега има негатива од дури 14 бодови во однос на лидерот Ливерпул.

„Граѓаните“ прокоцкаа водство од 2-0 и покрај фактот што имаа играч помалку по исклучувањето на Едерсон. Домаќините направија пресврт и станаа само вториот тим што успеал да го победи Манчестер сити предводен од Пеп Гвардиола два пати во една сезона по Челси во сезоната 2016/2017.

Гвардиола призна дека трката за титулата е веќе решена и дека Ливерпул е речиси шампион иако има уште многу натпревари до крајот.

„Разликата е премногу големо, да. Не е реално да размислуваме за Ливерпул, ние размислуваме за Лестер. Имаме шанса да го вратиме второто место. Го знам квалитетот на мојот тим, но тоа е сегашната ситуација“, рече шпанскиот стратег по синоќешниот меч.

Коронавирус