среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 175
home Фудбал

Гвардиола спреми 80 милиони за Лукаку

Гвардиола спреми 80 милиони за Лукаку

Приоритет на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач, а ново име на списокот на Гвардиола е Ромелу Лукаку.

Англиските медиуми тврдат дека Манчестер Сити го гледа Белгиецот како идеална замена за Серхио Агуеро, кој е на излезна врата бидејќи му завршува договорот со „граѓаните“.

Белгиецот игра фантастично во дресот на Интер, а веќе има големо искуство во Премиер лигата.

„Нероаѕурите“ моментално имаат финансиски проблеми, па Сити ќе се обиде да ги искористи и ќе испрати понуда од 80 милиони евра. Притоа, на Лукаку му нудат многу повисока плата од актуелната која ја заработува во Милано.

Локални избори 2021