недела, 16. мај 2021. Вести денес: 56
home Фудбал

Гвардиола: Само му реков: „Матео, беше гол“

Гвардиола: Само му реков: „Матео, беше гол“

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола беше исклучен на полувремето на синоќешниот дуел со Ливерпул, бидејќи протестираше кај главниот судија за поништениот гол кој можеше целосно да го смени текот на натпреварот.

Гвардиола по означувањето на крај на првото полувреме, втрча на терен за да се жали до својот сонародник.

– Му реков дека тоа беше чист гол, дека Милнер додаде до Сане, а со оглед на тоа што играч на Ливерпул ја удри топката не беше офсајд. И поради тоа ме исклучи. Јас не го навредив. Би било поинаку ако заминавме на одморот со 2:0, истакна шпанскиот стручњак.

Гвардиола упати честитки до Ливерпул и му посака успех на следните натпревари во елитното натпреварување.

Коронавирус