вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 66
home Фудбал

Гвардиола подготвува чистка во текот на летото

Гвардиола подготвува чистка во текот на летото

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола планира да направи некои измени во тимот ова лето. Тој се очекува да избрка најмалку пет играчи од сегашниот состав и да привлече нови регрути во тимот, пренесува англиски „Телеграф“.

Првиот кој е на листата на „отстрел“ на Пеп е Николас Отаменди. Аргентинецот е крајно неубедлив оваа сезона и клубот веќе бара замена, а името за кое се шпекулира е Пау Торес од Виљареал.

Некој меѓу Бенџамин Менди, Александар Зинченко или Анхелињо, исто така, се очекува да замине. Најверојатно, тоа ќе биде Шпанецот, кој досега забележа само 3 натпревари во текот на сезоната.

Се очекува и 34-годишниот Давид Силва да се збогува со „граѓаните“. Тој во моментов ја игра својата 10-та сезона за клубот, но се очекува тоа да биде и последна. Лерој Сане скоро сигурно ќе биде продаден во текот на летото, откако се опорави од повредата што ја доби.

Гвардиола размислува и за промена во нападот, по што останува неизвесна иднината на Габриел Жесус.