сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 130
home Фудбал

Гвардиола откри што зборувал со Милнер во тунелот

Гвардиола откри што зборувал со Милнер во тунелот

Пеп Гвардиола беше бесен на судиите затоа што не му беше покажан втор жолт картон на Џејмс Милнер, двајцата имаа дискусија во тунелот од Енфилд.

По мечот Гвардиола беше запрашан што зборувал со Милнер, а тој најпрво се пошегува.

-Зборувавме за нашиот замав (удар со голф палка), тој е подобар голф играч од мене и ми даваше некои совети за голф, рече Пеп Гвардиола.

-Тој е добро момче, зборувавме натпреварот малку, за жолтиот картон. Тој се шегуваше.

Но, Пеп не се штедеше во критиките за судијата.

-Тоа беше жолт картон. Тоа е јасно. На Енфилд и Олд Трафорд, ваква е ситуацијата, да беше во Сити наш фудбалер ќе беше исклучен 100 проценти. Јасно, тоа е втор жолт картон и судијата го знае тоа.

Коронавирус