среда, 28. јули 2021. Вести денес: 159
home Фудбал

Гвардиола објасни зошто Сити остана толку далеку зад Ливерпул

Гвардиола објасни зошто Сити остана толку далеку зад Ливерпул

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола смета дека страста со која Ливерпул ги одигра сите свои натпревари оваа сезона, ја одредува големата разлика помеѓу двата тима во пласманот во Премиер лигата. Вчера „граѓаните“ загубија со 1:2 од Челси, што беше осми пораз на тимот од почетокот на првенството и официјално му ја врачи титулата на Ливерпул, кој го чека овој момент веќе 30 години.

Тимот од Мерсисајд имаат само еден пораз од почетокот на сезоната и во моментов имаат предност од 23 поени пред Манчестер Сити. Двете екипи се соочуваат едни со други на 1 јули на „Етихад“.

– Можеби не ја започнавме сезоната со иста страст. Ливерпул го одигра секој натпревар како да беше последен. Веројатно го промашивме тој момент, особено во првиот дел од сезоната. Тоа е вистинската причина поради која заостануваме толку. Ливерпул беше фантастичен во однос на упорноста во текот на целата сезона. На почетокот на кампањата изгубивме поени, а Ливерпул не. Треба да се опоравиме за следната сезона и да бидеме поконзистентни. Ова е реалност, пред две години бевме 25 бода предност пред Ливерпул и сега тие се на иста далечина пред нас. Не можеме да заборавиме дека освоивме две последователни титули, што е неверојатен успех за клубот“, вели Пеп.

Тој посочи дека клубот има освоено осум трофеи од последните 10 натпреварувања во кои учествува. Ова никогаш не се случило досега во Англија. (MИА)

Коронавирус