недела, 9. мај 2021. Вести денес: 90
home Фудбал

Гвардиола: Манчестер Сити можеби нема да биде шампион

Гвардиола: Манчестер Сити можеби нема да биде шампион

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, смета дека неговиот тим се уште ја нема завршено работата во Премиер лигата и не е сигурен шампион, како што многумина веќе одамна го прогласија.

За да ја обезбедат титулата „граѓаните“ треба да освојат уште пет од можните 18 бода на преостанатите шест рунди.

– Уште од ноември или декември, секој вели дека веќе сме шампиони, дека е невозможно да се изгуби толку многу поени предност. А мината седмица загубивме три натпревари. Ова е реалност. Се разбира, изненадувања може да се случат. Се уште постои можност да ни избега титулата. Се додека теоретски на ја обезбедиме, никој не може да тврди дека веќе сме на тронот. Играчите го знаат тоа и се надевам дека нема предвреме да се опуштат, изјави шпанскиот фудбалски стручњак.

Манчестер Сити вечер од 20:45 часот му гостува на Тотенхем во дербито на 33.коло од Премиер лигата.

Коронавирус