сабота, 16. февруари 2019. Вести денес: 68
home Фудбал

Гвардиола кон Солари: Реал Мадрид не е најдобриот тим за изминатите 10 години

Гвардиола кон Солари: Реал Мадрид не е најдобриот тим за изминатите 10 години

Изгледа битката за тоа кој е во право помеѓу менаџерот на Манчестер Сити – Пеп Гвардиола, и тренерот на Реал Мадрид – Сантијаго Солари, продолжува.

Пред некое време, Каталонецот изјави дека Барселона, Баерн Минхен и Јувентус се најголемите тимови за последните 10 години. Малку потоа сегашниот тренер на „белите“ му одговори дека Реал намерно е изоставен, откако „кралскиот клуб“ не само што е најдобар тим за последните 10 години, но и најголем клуб во историјата.

– Реал ги освои трите последни Шампионски лиги, откако е фаворит за трофејот и сега. Но, тоа не е најдобриот тим на деценијата. Кога ќе земеш предвид освоени трофеи – Јуве, Баерн и Барселона се на врвот. Се надевам дека Солари ќе ги разбере правилно моите зборови. Реал има само два домашни трофеји, а набројаните тимови се со по 6-7 во нивните првенства, изјави Гвардиола.