Тренерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола се осврна на тековната форма на својот тим кој не блеска, а особено болни беа поразите од Арсенал и Реал Мадрид и истакна дека голем проблем на неговиот тим е неможноста физички да се носи со ривалите во Премиер лигата.
„Дали мислите дека можеме да се носиме со физички силниот Њукасл? На крајот на сезоната, тимот, јас, клубот, тогаш носиме одлуки што мора да ги донесеме, за да се обидеме да го избегнеме ова што ни се случи оваа сезона со повредите и многуте работи што требаше да се решат.
Да направиме се за да не ја преживуваме сезоната како оваа и да бидеме поблиску до онаа што беше пред сегашната“, рече Гвардиола кој потоа потсети на фактот дека тековниот лидер во лигата Ливерпул не може да го собори рекордот од 100 бодови оваа сезона. Ние сме тие што ги држат сите рекорди во Англија. Кој би можел да освои 100 бодови сега во модерниот фудбал? Го чекам. Или нашите четири титули по ред? Еве чекам, а морате да играте со клубови како што се Борнмут, Фулам, Вулверхемптон. Ние ги диктиравме стандардите. Го видовте ли Ливерпул оваа сезона? Тие не можат да дојдат до 100 бодови. Можат до 99, но не и 100.“