вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 77
home Фудбал

Гвардиола: Игравме со Јунајтед, па зар очекувавте победа со 7:0

Гвардиола: Игравме со Јунајтед, па зар очекувавте победа со 7:0

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола по триумфот над Јунајтед со 3:1 во првиот полуфинален натпревар се осврна на дел од критиките дека неговиот тим требал да забележи поубедлива победа.

По првото полувреме 2граѓаните“ водеа со 3:0.

-Првите минути беа тензични, но потоа постигнавме извонреден гол и одигравме многу добро. Во второто полувреме играа поинаку, се боревме да ја задржиме топката. Ова не е крај, затоа што противникот е Јунајтед, тие знаат да постигнат голови, но се надевам дека можеме повторно да стигнеме до финалето и дека оваа разлика ќе ни биде доволна. Тешко е да се контролира Рашфорд, бидејќи тој е многу брз. Играме со Јунајтед, зар очекувате 7:0. Сè на сè, тоа беше неверојатен настап на „Олд Трафорд“, изјави Гвардиола.

Во второто полуфинале играат Лестер и Астон Вила.