вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 174
home Фудбал

Гвардиола и Клоп во спор за наградата Најдобар менаџер во Англија

Гвардиола и Клоп во спор за наградата Најдобар менаџер во Англија

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола и на Ливерпул, Јурген Клоп, се двајца од четирите номинирани за Менаџер на годината во Премиер лигата во Англија. Тимовите кои ги водат се во битката за титулата, а сега нивните менаџери влегуваат во спор за друг трофеј. Другите двајца кандидати за наградата се тренерот на Тотенхем, Маурисио Почетино и на Вулверхемптон – Нуно Еспирито Санто.

Гвардиола е многу блиску да стане само третиот менаџер кој ја одбранил титулата во ерата на Премиер Лигата. „Граѓаните“ ќе заврѓат први втора година по ред, ако победат при гостувањето кај Брајтон во недела.

Во меѓувреме, сепак, Ливерпул има одлична сезона и се надева дека ќе ја одземе титулата од Сити во последна минута. Тимот од Мерсисајд досега освои импресивни 94 поени – ова е четврто највисоко достигнување во историјата на Премиер Лигата. Сега тие ќе имаат судир со Вулверхемптон во последното коло.

Тотенхем, предводен од Почетино, долго време беше меѓу кандидатите за титулата, но во последниве месеци ја изгуби битката со првите два тима. Сепак, перформансите на тимот се импресивни, имајќи предвид дека само еден нов играч е привлечен кон тимот во последните два трансфер прозорци. „Петлите“, исто така, стигнаа до полуфиналето во Лигата на шампионите.

Вулверхемптон е најпријатното изненадување за време на сезоната. Тимот под водство на ЕспиритоСанто, кој влезе во елитата минатата сезона, собра 57-поени – ова е најмногу за дебитант во последниве 18 години. Вулверхемптон го задржаа своето 7-мо до крајот и имаат шанса да стигнат до Лигата на Европа, но тоа ќе зависи од исходот на финалето на ФА Купот помеѓу Манчестер Сити и Ватфорд.

Најдобриот менаџер ќе биде одреден по гласањето на навивачите и експертите. Победникот ќе биде објавен следниот четврток од страна на Асоцијацијата на менаџери во Премиер лигата.