сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 55
home Фудбал

Гвардиола го бранеше Агуеро по инцидентот со судијката

Гвардиола го бранеше Агуеро по инцидентот со судијката

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола застана во одбрана на напаѓачот Серхио Агуеро за неговото однесување кон судијката во победата над Арсенал од 1:0. Аргентинецот влезе во дијалог со судијката за една топка, која беше досудена во корист на „топџиите“.

По разговорот, тој испружи рака и ја фати за рамото. Таа му ја оттурна раката. Инцидентот предизвика многу реакции, при што многумина сметаа дека Агуеро нема право да се однесува на таков начин.

-Барајте сензација во други епизоди, но не и во оваа. Кун е најдобрата личност што сум ја сретнал во мојот живот, рече Гвардиола. (МИА)

Коронавирус