понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 168
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Гвардиола е подготвен да го продолжи договорот со Сити

Гвардиола е подготвен да го продолжи договорот со Сити

Пеп Гвардиола е подготвен да го продолжи договорот со Манчестер Сити и по 2021 година, иако неговиот тим се соочува со закана да не игра во ЛШ две сезони. Англискиот шампион, исто така, доби казна од 30 милиони евра, но санкциите ќе ги разгледа Арбитражниот суд (КАС).

Гвардиола посочи дека ќе преговара со претседателот на клубот, Халдун Ал Мубарак „на крајот на сезоната или кон средината на следната“.

– Јас работам со неверојатни фудбалери и сигурен сум дека тие даваат сè за нас. Знам дека со мене не е лесно да се работи, затоа сум многу задоволен од тоа. Имаме одлични сопственици и силна врска со нив, така нема да има проблем да се разберам, ако изберам да останам уште три сезони. Не жалам за секунда што дојдов овде, па дури и го продолжив мојот договор. Секој менаџер може да биде отпуштен, секој има проблеми, секој има добри и лоши денови. Јас не сум различен, но не ми е жал за еден момент што дојдов тука. Сакам да го исполнам мојот сегашен договор и тогаш ќе видиме, изјави Каталонецот.

Коронавирус