сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 112
home Фудбал

Гвардиола е на добар пат да го мине рекордот на Алекс Фергусон!

Гвардиола е на добар пат да го мине рекордот на Алекс Фергусон!

Менаџерот на Манчестер Сити, Шпанецот Пеп Гвардиола, за само 11 сезони има освоено дури 29 трофеи, што зборува за неговите феноменални менаџерски способности.

Поуспешни од него се само Мирчеа Луцеску со 32 и легендарниот Алекс Фергусон со 48 трофеи.

Како тренер на Барселона, Баерн и Сити тој освои сè што можеше да се освои, а ентересен е фактот кој говори дека неговиот Сити има освоено осум од последните девет трофеи доделени во англискиот фудбал.

Два пати дојде до титулата во Премиер лигата, Лига купот го освои три пати, ФА Купот еднаш и Комјунити Шилд двапати.

Ова е нешто необично. Ние освоивме осум од последните девет трофеи. Тешко е да се повтори. Не само ние, туку и нашите ривали, објасни Пеп.

Сега се поставува прашањето дали Пеп може да го мине поранешниот менаџер на Јунајтед, Алекс Фергусон, кој во својата витрина има 48 трофеи во сите натпреварувања.

Коронавирус