сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 1
home Фудбал

Гвардиола денес се запиша во историјата (ФОТО)

Гвардиола денес се запиша во историјата (ФОТО)

Во денешниот натпревар помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул, Пеп Гвардиола влезе во историјата.

Навикнавме да пишуваме за рекорди кои ги поставуваше со победите сега во Сити и претходно во Баерн и Барселона, а денес се запиша во историјата по нешто друго.

Во натпреварот од Комјунити Шилд се применуваат новите правила на ФИФА кои ќе се користат во новата сезона и според нив тренерите можат да добиваат жолти картони.

Денес Гвардиола беше лут на судијата поради остриот старт на Гомез над Силва и тоа го покажа, па стана првиот тренер во историјата кој добил жолт картон.

Извор: Спортски