среда, 21. април 2021. Вести денес: 76
home Фудбал

Гвардиола: Агуеро сам ќе одлучи каде ќе ја продолжи кариерата

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека Серхио Агуеро е легенда и дека Аргентинецот сам ќе одлучи за својата иднина.
Гвардиола: Агуеро сам ќе одлучи каде ќе ја продолжи кариерата

Оваа изјава на Венгер доаѓа по се почестите шпекулации дека Аргентинецот е надвор од плановите на менаџерот и дека може да го напушти Манчестер во текот на летото.

29-годишниот напаѓач остана на клупата за резерви на градското дерби со Јунајтед, а во натпреварот против Тотенхем минатиот викенд беше заменет по што покажа незадоволство со фрлање на ракавицата на земја.

– Јас ги разбирам играчите кога тие се заменети или кога не играат. Тие си тажен и вознемирен. Ако не се задоволни со мене, нема проблем, најважно е дека се почитуваат едни со други. Агуеро е легенда и ќе одлучи сам за неговата иднина, рече Гвардиола.

Манчестер Сити в среда му гостува на Њукасл во 20. коло од англиската Премиер лига.

Коронавирус