петок, 23. јули 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Група Д: Англија лидер, Хрватска со последниот воз во топ 16 (видео)

Група Д: Англија лидер, Хрватска со последниот воз во топ 16 (видео)

Селекциите на Англија, Хрватска и Чешка се патници во елиминациската фаза од Д групата. Англичаните завршија првопласирани со седум бодови и без пораз, Хрватска второпласирана со четири бодови, исто колку и Чешка која финишираше на третата позиција. Шкотска со еден бод остана на последната позиција.

Во решавачката трета рунда, Англија со минимални 1-0 ја совлада Чешка и го осигура првото место, а Хрватска во мечот да се биде или не со Шкотска славеше со 3-1. „Коцкастите“ поради подобрата гол разлика заврши второпласирани, пред Чешка, која моментално е најдобра третопласирана селекција од некомплетните две групи.

Резултати:
Чешка – Англија 0-1

Хрватска – Шкотска 3-1

Табела: Англија 7, Хрватска 4, Чешка 4, Шкотска 1

Коронавирус