среда, 23. септември 2020. Вести денес: 129
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправдите, реваншизмот и насилството на мафијата на Заев

home Фудбал

„Гробари“ во паника: Легенда на Партизан лежи во болница со симптоми на Ковид-19!

„Гробари“ во паника: Легенда на Партизан лежи во болница со симптоми на Ковид-19!

Поранешната играчка ѕвезда, како и тренер на Партизан, Звонко Варга, денеска е сместен во болница поради проблеми со дишењето и дури симптоми кои се карактеристични за болеста Ковид-19, поради која целиот свет е во паника и затворен во сопствените четири ѕида.

Тој во моментов се наоѓа во Клиничкиот центар во Белград, на оделението за пулмологија, каде што му е направен тест за коронавирус, чии резултати сѐ уште се чекаат. Варга, кој е на 60-годишна возраст, во црно-белиот дрес настапуваше во периодот од 1978 до 1986 година и освои три шампионски титули во поранешна СФР Југославија, а зад себе има и три настапи за младинската репрезентација на поранешната заедничка држава.

Како тренер во четири наврати беше помошник во стручниот штаб и тоа на Лотар Матеус, Владимир Вермезовиќ и на Славиша Јокановиќ.

Коронавирус