понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Гробари упаднаа на тренинг на Партизан: Гинете за грбот, а не да играте како баби!

Гробари упаднаа на тренинг на Партизан: Гинете за грбот, а не да играте како баби!

Белградски Партизан има голем заостаток од 13 бода во однос на најлутиот ривал Црвена Звезда во битката за шампионската титула, а после ремито со ТСЦ во Бачка Паланка (1-1), навивачите на црно-белите, Гробари го загубија трпението па денеска им упаднаа на тренинг на своите миленици.

Партизан денеска се подготвува за мечот со Пролетер кое е „загревање“ пред вечното дерби в недела со Црвена Звезда, па Гробари им порачаа дека ја имаат поддршката од навивачите, но повеќе нема да слушаат разни избовори после лоши резултати.

„Нашата поддршка ќе ја имате, ама сакаме да гинете за грбот кој го носите на градите, а не да играте како баби и да барате изговори. Доста ни е од изговори за лоши терени, доста ни е задоволства од нерешени… Такви коментари веќе нема да слушаме“, им рекле навивачите.

Упадот на Гробари доаѓа како „последна опомена“ зашто битката за титулата не е загубена, особено што во Србија се преполовуваат бодовите кога ќе се подели лигата на плејоф и плајаут, па ако црно-белите ја победат Ц. Звезда и ја намалат предноста на 10 бода, потоа во завршницата би влегле со достижни пет бода на табелата.