петок, 4. декември 2020. Вести денес: 163
home Фудбал

Гризман за зборовите на Бензема за Жиру: Не можам да коментирам, може да доведе до проблеми

Гризман за зборовите на Бензема за Жиру: Не можам да коментирам, може да доведе до проблеми

Напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман не сакаше да ги коментари зборовите на Карим Бензема кажани за репрезентативниот соиграч Оливие Жиру.

Претходно оваа недела, напаѓачот на Реал Мадрид, Бензема, во живо на Инстаграм, одговарајќи на прашање за споредби со Жиру рече: „Да не ја мешаме Формула 1 со картинг“.

– Не можам да коментирам, може да доведе до проблеми. Ми се допаѓа Жиру, тој е добар играч кој ни помогна да го освоиме Светското првенство. Ова е важен настан во животот, истакна Гризман.

Карим Бензема поради уцена кон Метју Валбуен со интимно видео, не е повикан во француската репрезентација од 2015 година.

Коронавирус