среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 37
home Фудбал

Гризман за сагата со договорот: Разбирам дека фановите беа нервозни

Гризман за сагата со договорот: Разбирам дека фановите беа нервозни

Напаѓачот на Атлетико Мадрид и Франција Антоан Гризман изрази задоволство од продолжувањето на престојот на „Ванда Метрополитано“.

Францускиот стрелец ги „истроши“ нервите на фудбалските специјалисти откако долго време ги одложуваше вестите во однос на неговиот трансфер.

– Разбирам дека некои навивачи беа нервозни во врска со одолговлекувањето. Логично е. Им благодарам сепак за поддршката. Тие секогаш ме поддржуваат и ќе се обидам да им се заблагодарам на теренот, рече тој, цитиран од шпанските медиуми.

Тој се заблагодари на клубот дека направил напори да го задолжи и искажа задоволство од нивниот проект.

– Откако пристигнав во клубот, пораснав многу. Се преселивме на ексклузивен стадион. Му благодарам на клубот за напорите да ме задржи. Проектот „Атлетико“ е импресивен, додаде Гризман.

МИА

Коронавирус