вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 142
home Фудбал

Гризман уверен дека Барселона ќе се бори за шампионската титула до крај

Гризман уверен дека Барселона ќе се бори за шампионската титула до крај

Напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман, ја беше стрелец на победничкиот погодок синоќа во триумфот над Атлетик со 2:1 во 21. коло на Шпанското фудбалско првенство. Французинот верува дека каталонскиот тим има квалитет да се бори за трофејот до самиот крај на лигата и покрај тоа што водечкиот Атлетико Мадрид во моментов има голема предност.

-Имаме одличен тим и можеме да постигнеме сериозни резултати. Дембеле работи напорно надвор од теренот. Ние се обидуваме да му дадеме поддршка. Меси е легенда. Се надевам дека ќе ни помогне да ја освоиме титулата. На добар пат сме. Сигурен дека ќе останеме во борбата за титулата до самиот крај, изјави Гризман за „Марка“.

Барселона е на второто место по 20 одиграни натпревари со 40 бода. Атлетико е во водство, 10 бода пред Барса и има натпревар помалку. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија