сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 1
home Фудбал

Гризман сонува за освојување на трофејот во ЛШ

Гризман сонува за освојување на трофејот во ЛШ

Напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман призна дека сонува да ја освои Лигата на шампионите.

-Сите сонуваат да ја освојат Лигата на шампионите. Сонувам и јас и тоа многу. Моја задача е да придонесувам за победи на тимот, тоа важи и за следната средба. Се надевам дека вечер ќе имаме добро издание и со помош на нашите навивачи на крајот сите заедно ќе се радуваме, изјави Гризман.

Во 2. коло од групната фаза во ЛШ, Каталонците вечер од 21 часот на домашен терен ќе се соочат со Интер.