четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 136
home Фудбал

Гризман се сели во англиската Премиер лига?

Гризман се сели во англиската Премиер лига?

Напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман размислува да започне кариера во Англија, пренесува „Sport.es“.

Според шпанскиот медиум, 30-годишниот Французин е отворен за пристап во еден од англиските клубови. Објавено е дека за фудбалерот се заинтересирани Челзи и Манчестер јунајтед.

Во сезоната 2020/21, Гризман забележа 51 настап за Барселона, со 20 погодоци и 13 асистенции.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 60 милиони евра.

На 6 јули беше објавено дека Барселона може да го продаде играчот поради финансиски проблеми.

Коронавирус