сабота, 25. мај 2019. Вести денес: 38
home Фудбал

Гризман му кажа збогум на Атлетико, но останува во Шпанија

Гризман му кажа збогум на Атлетико, но останува во Шпанија

Францускиот интернационалец Антоан Гризман ова лето ќе си замине од Атлетико Мадрид. Негова следна дестинација, иако се уште неофицијално треба да биде Барселона.

Трансферот треба да се реализира по 1 јули, кога отштетната клаузула во неговиот договор ќе се намали на 120 милиони евра.

Барселона треба да ја активира и да го доведе одличниот напаѓач на „Камп Ноу“.

Гризман се збогува со фановите на Атлетико Мадрид.

„Ова беа неверојатни пет години во дресот на Атлетико Мадрид. Ви благодарам многу и секогаш ќе ве носам во моето срце“, истакна Гризман.