понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

Гризман изненаден од гласините дека е против доаѓање на Нејмар

Гризман изненаден од гласините дека е против доаѓање на Нејмар

Напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман, за шпанските медиуми изјави дека не се точни шпекулациите за наводно негово противење за доаѓање на Нејмар.

Гласините се поврзуваат со можното губење на местото во првиот состав на Французинот, па поради тоа тој бил малку загрижен.

Сепак, Гризман преку Твитер со куса порака одговори на оние кои ги шират таквите гласини.

-Ех … Како знаете? – напиша Гризман.

Претходно во медиумите имаше информација дека Каталонците речиси се договориле со ПСЖ за трансферот на бразилскиот напаѓач.