вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 166
home Фудбал

Гризман играше со Меси, а од следната сезона ќе игра со Роналдо?

Гризман играше со Меси, а од следната сезона ќе игра со Роналдо?

Антоан Гризман прифаќа да се пресели во Јувентус, а италијанскиот гигант веќе стапил во контакт со Барселона.

Барселона сака да го продаде Гризман со цел да отвори простор за новиот договор на Меси и регистрација на засилувањата.

Постојано се шпекулира каде би можел да замине Гризман, а последните информации велат дека Јувентус станува лидер во трката.

Според „Калчомеркато“, Јувентус стапил во контакт со Барселона за ангажман на Гризман и се бара решение како да се реализира трансферот.

Гризман прифатил да направи трансфер во Јувентус, Французинот знае дека клубот инсистира на негова продажба.

Синоќа Павел Недвед потврди дека Роналдо ќе остане во Јувентус, па му се приклучи и Гризман, французинот за кратко време ќе игра заедно со двајцата најдобри фудбалери во светот.

Локални избори 2021