вторник, 6. јуни 2023. Вести денес: 152
home Фудбал

Гризман двоен стрелец во триумфот на Барселона над Бетис

Гризман двоен стрелец во триумфот на Барселона над Бетис

Барселона синоќа на домашен терен го совлада Бетис со 5:2 во натпревар од 2. коло на шампионатот на Шпанија. Мечот го одбележа напаѓачот на Каталонците, Антоан Гризман со два постигнати гола.

Покрај Гризман за победничкито тим погодија и Жорди Алба, Артуро Видал и Карлес Перез.

Стрелци на головите за Бетис беа Набил Фекир и Лорен Морон.

Барселона со три бода е на 9. место на табелата во Примера, Бетис е на последната позиција без бодови.