петок, 21. септември 2018. Вести денес: 1
home Фудбал

Гризман донел одлука каде ќе продолжи

Гризман донел одлука каде ќе продолжи

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман одлучи да остане во клубот во Мадрид, објави шпанските медиуми.

Се наведува дека раководството на Атлетико успеало да го убеди Французинот да остане во клубот.

За Гризман сериозен интерес покажува Барселона, но во Атлетико го увериле дека тој на „Камп Ноу“ ќе падне во сенка на Лионел Меси.

Исто така од Атлетико му е ветено значително зголемување на платата – до 20 милиони евра годишно.

Гризман најави дека одлуката за својата фудбалска иднина ќе ја соопшти пред почетокот на Светското првенство закажан за 14 јуни.