недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 26
home Фудбал

Грците открија нови докази: Полицијата е блиску до пронаоѓање на напаѓачот на Ковачевиќ?

Грците открија нови докази: Полицијата е блиску до пронаоѓање на напаѓачот на Ковачевиќ?

Обидот за убиство на поранешниот фудбалер на Јувентус и српска леганда, Дарко Ковачевиќ во Грција беше неуспешен, а денеска се појавија два докази кои би можеле да ѝ помогнат на полицијата во решавање на случајот.

„Фосонлајн“ пишува дека на човекот кој требало да го убие Ковачевиќ му испаднал пиштолот пред да пука, па затоа се спасил поранешниот фудбалер.

Се откриваат и нови детали од истрагата на полицијата, која пронашла делови од оружјето, а притоа се откриле и регистерските таблички, кои не биле пријавени како украдени, па можеби потенцијалниот убиец бил во сопственото возило.

Иако некои делови од пиштолот изгореле, сепак останатите се во форензичка лабараторија, па експертите се обидуваат да откријат повеќе детали.

Мотивот за овој обид за убиство не е уште познат, но најверојатно грчката полиција наскоро ќе го пронајде човекот кој се обиде да направи такво дело и сите детали ќе бидат познати на јавноста.

Коронавирус