недела, 9. мај 2021. Вести денес: 129
home Фудбал

Грабеж во домот на славниот фудбалер: Спиеле со сопругата и 2- годишниот син кога упаднале вооружените крадци- еве ги деталите

Грабеж во домот на славниот фудбалер: Спиеле со сопругата и 2- годишниот син кога упаднале вооружените крадци- еве ги деталите

Тројца вооружени мажи упаднале изминатата ноќ во домот на фудбалерот на италијанскиот фудбалски прволигаш Рома, Крис Смолинг, во Рим, јавија попладнево италијанските медиуми.

Крадците под закана со оружје го принудиле Смолинг да им го отвори личниот сеф од каде украле часовник „Ролекс“, накит и други вредни предмети.

Весникот „Газета дело Спорт“ објави дека Смолинг, неговата сопруга и двегодишниот син спиеле кога крадците упаднале во нивниот дом.

Грабежот го пријавиле во полиција околу пет часот изутрината.

Рома соопшти дека ќе му ја пружи „сета неопходна помош“ на својот фудбалер.

Смолинг не беше во составот на Рома на вчерашниот реванш четвртфинален натпревар против Ајакс во рамки на Лига Европа поради повреда.

Коронавирус