Лука Модриќ вчера беше прогласен за најдобар фудбалер на годината во изборот на ФИФА. Хрватот ги освои симпатиите на капитените, селекторите, новинарите и фановите, а пет бода доби дури и од Лео Меси.
Модриќ кога ја доби наградата најпрво им се заблагодари на соиграчите на Реал Мадрид и репрезентациајта, а потоа испрати и скрена порака до капитенот на златната генерација на Хрватска и негов идол, Звонимир Бобан.
-Сакам да му се заблагодарам на мојот идол Звонимир Бобан, поранешен капитен на Хрватска и на генерацијата на фудбалери кои ја освоија светската бронза во 1998 година. Тие беа одлична инспирација, и како тим, бевме убедени дека можеме да направиме нешто големо во Русија. Се надевам дека ќе бидеме инспирација за некоја друга генерација што доаѓа, изјави Модриќ и го расплака својот идол.