петок, 26. април 2019. Вести денес: 32
home Фудбал

ГОТОВО Е: УЕФА ја казни Црвена ѕвезда со вртоглава сума на пари за однесувањето на навивачите

ГОТОВО Е: УЕФА ја казни Црвена ѕвезда со вртоглава сума на пари за однесувањето на навивачите

Дисциплинската комисија на УЕФА ја казни Црвена ѕвезда со забрана за носење навивачки групи на следните две гостувања во Лигата на шампионите заради влегувањето на навивачи на теренот во Салцбург.

Санкциите се однесуваат на натпреварите против ПСЖ во Париз на трети октомври и против Ливерпул три седмици подоцна.

Воедно заради однесувањето на навивачите на белградскиот клуб на Ред бул арената, каде кршеа инвентар, фрлаа тврди предмети на терен и употребуваа пиротехника, Црвена ѕвезда ќе мора да плати и парична казна од 30.000 евра.