недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Гостински навивачи на последните две кола во Премиер лигата

Гостински навивачи на последните две кола во Премиер лигата

Англиските прволигаши ќе можат да имаат поддршка од трибините од 500 свои навивачи на натпреварите кои ќе ги играат на гостински терен во завршните две кола од актуелната сезона во Премиер лигата.

Британските власти во договор со раководството на Премиер лигата неодамна донесоа одлука за делумно враќање на навивачите во завршницата на сезоната, но досега се тврдеше дека нема да биде дозволен влез на гостински навивачи.

Сепак, како што јавуваат англиските медиуми, забраната е укината и од максимално дозволениот број од 10.000 гледачи на стадионите во последните две кола, 500 од нив ќе бидат гостински навивачи.

Извршниот директор на Премиер лигата Ричард Мастерс ги известил сите 20 прволигашки екипи за одлуката, а британските власти официјално ќе ја укинат забраната за гостински навивачи почнувајќи од 17 мај. 

ЕУРО 2020

Македонија