петок, 27. мај 2022. Вести денес: 101
home Фудбал

Госенс го одбра бројот на дресот во Интер

Госенс го одбра бројот на дресот во Интер

Германецот Робин Госенс е нов играч на Интер, доаѓа како позајмен од Аталанта, со обврска клубот од Милано да го откупи договорот по завршувањето на сезоната.

Германецот го одбрал бројот 18 на дресот во Интер, со тоа сакал да ја продолжи „традицијата на германски белег“ со клубот од Милано.

-Лично од почеток го дадов максимумот во дресот на тимот од Бергамо, благодарност за сите фанови за поддршката. Горд сум што пристигнувам во еден од најголемите клубови во Европа, во овој клуб играле многу играчи од Германија, сакам да продолжам да ја пишувам таа историја и да го потврдам квалитетот на играчите кои доаѓаат од Германија во Интер, изјави Госенс.

Коронавирус