недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Гори: Сите 40.000 луѓе кои биле на натпреварот Аталанта- Валенсија се заразени со коронавирус

Гори: Сите 40.000 луѓе кои биле на натпреварот Аталанта- Валенсија се заразени со коронавирус

Градоначалникот на Бергамо, Џорџо Гори изјави дека сите 40.000 навивачи кои присуствувале на фудбалскиот натпревар Аталанта – Валенција, што се одржа на 19 февруари во Милано се заразени со новиот коронавирус.

– Во тоа време не знаевме што се случува. Првиот пациент во Италија беше на 23 февруари. Ако вирусот циркулираше, тогаш 40.000 навивачи на стадионот Сан Сиро биле инфицирани. Никој не знаеше дека вирусот е помеѓу нас. Голем број го гледаа натпреварот во групи и маше многу контакти помеѓу нив. Вирусот се пренесува од еден на друг, посочи Гори.

Бергамо од каде е фудбалскиot клуб Аталанта е најтешко погодениот италијански град од новиот коронавирус.

Фудбалскиот клуб Валенсија на 16 март потврди дека 35 проценти од екипата биле позитивни на Ковид-19.

Во Италија, според најновите податоци инфицирани се 74.386 луѓе од кои 7.503 починаа.

Коронавирус