сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 61
home Фудбал

Горан Пандев со емотивно обраќање до нацијата, еве што порача (фото)

Горан Пандев со емотивно обраќање до нацијата, еве што порача (фото)

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев дефинитивно заслужи својата богата фудбалска кариера да ја круниса со настап на едно големо натпреварување со Македонија.

Тој сон му се исполни, па за два дена Гоче со капитенската лента ќе истрча на стадионот во Букурешт предводејќи ја Македонија во испишувањето на најблескавата историја во македонскиот репрезентативен фудбал.

На денот на почетокот на Европското првенство, капитенот со емотивна порака се огласи на социјалните мрежи и порача македонската јавност да даде поддршка на репрезентацијата.

– Дојде и тој ден кога почнува Европското првенство. Денот кој го сонував долго време низ мојата кариера, Македонија да игра на едно вакво големо натпреварување…Ова можеби се моите последни натпревари за македонската репрезентација. Сакам како капитен да се обратам на целата нација…Оваа генерација е најсветото несто во македонскиот фудбал, ова е генерацијата што ја обедини цела Македонија. Горд сум на секој момент и секоја капка пот пролеана во светиот дрес. Сонот го испишавме, одиме да испишеме историја. Бидете со нас и навивајте за Македонија, -напиша Горан Пандев на својот Инстаграм профил.

ЕУРО 2020

Македонија