понеделник, 22. јули 2019. Вести денес: 40
home Фудбал

Горан Пандев открива кога ќе ја заврши кариерата

Горан Пандев открива кога ќе ја заврши кариерата

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев во интервју за МИА најавува дека може да ја заврши богата фудбалска кариера идната или најдоцна во 2020 година.

– Се надевам дека ќе одиграм уште една или две сезони. Сепак, се зависи од моето здравје. Планирам кариерата да ја завршам во Џенова, во најстариот италијански клуб и навистина ќе ми биде чест таму да завршам со активно играње фудбал, изјави Пандев.

Целото интервју во кое македонскиот капитен се осврнува на изборот на претседател на ФФМ, репрезентацијата, неговиот клуб Академија Пандев,… МИА ќе го објави претстојниот викенд.

МИА