недела, 23. јануари 2022. Вести денес: 0
home Фудбал

Горан Пандев денес се приклучува на репрезентацијата, Енис Барди останува и понатаму во карантин

Горан Пандев денес се приклучува на репрезентацијата, Енис Барди останува и понатаму во карантин

Македонската фудбалска репрезентација полека се комплетира. Првите тренинзи се одработени а како што е познато Македонија ќе одигра два пријателски натпревари, со Словенија и Казахстан, пред патувањето на ЕП.

Енис Барди кој беше позитивен на коронавирусот е во добра здравствена состојба според информациите и нема симптоми и нема температура за разлика од првиот ден кога имал благо покачување на температурата.

Тој останува во карантин во специјална соба во хотелот Хилтон каде што престојуваат репрезентативците. Денеска од Италија ќе пристигне и капитенот Горан Пандев. Тој ќе им се приклучи на соиграчите на тренинзите на националниот тим.

Коронавирус