четврток, 28. мај 2020. Вести денес: 126
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Голманот на Вардар распали по Висар Муслиу: Не ми се верува дека фудбалер како тебе ги брани боите на националниот дрес

Голманот на Вардар распали по Висар Муслиу: Не ми се верува дека фудбалер како тебе ги брани боите на националниот дрес

Со вчерашната победа против Работнички, Вардар се искачи на врвот на табелата во Првата македонска фудбалска лига, а овој триумф на црвено-црните беше причина голманот Гачевски да одговори на провокациите кои до скопскиот клуб ги испрати нивниот поранешен фудбалер, а сега дел од Шкендија, Висар Муслиу.

-Во минатата сезона вториот дел беше полесен, затоа што Вардар си имаше внатрешни проблеми. Оваа година мислам дека ќе биде уште полесно, затоа што немам вистинско ривалство со вардар. Вардар во оваа сезона е многу послаб, изјави на стартот на сезоната Висар Муслиу.

На овие провокации денеска на својот Фејсбук профил одговори голманот Филип Гачевски.

-Е мој Висар Муслиу… многу си смешен! Најсмешен! Не ми се верува дека фудбалер како тебе ги брани боите на националниот дрес… Сакам да те поздравам од моите навивачи и колеги… Шкендија треба уште многу да јаде за да стане Вардар! Вардар е светост, Вардар е гордост на Македонија!, напиша Гачевски.

Коронавирус