понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 29
home Фудбал

Големите клубови не се плашат од УЕФА

Големите клубови не се плашат од УЕФА

Најголемите фудбалски клубови најавија отцепување од УЕФА, која за утре најави реформи во Лигата на шампионите токму за да ги задоволи нив.

Европската Суперлига би била натпреварување одвоено од УЕФА во кое треба да учествуваат најголемите и најбогатите клубови во Европа, со исклучок засега на ПСЖ, Баерн Минхен и останатите француски и германски клубови, како и Манчестер Сити кој се уште нема конкретен одговор.

Ова натпреварување ќе има и свое раководство, а истото ќе го сочинуваат претставници на клубовите кои ќе учествуваат во тоа натпреварување.

Како што пренесуваат европските медиуми, претседател на ова натпреварување ќе биде првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, а потпретседатели би требало да бидат Стен Кренке од Арсенал, Андреа Ањели од Јувентус, Џон Хенри од Ливерпул и Џоел Глејзер од Манчестер Јунајтед.

Реакциите не стивнуваат, а првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас испрати жестока порака до оние шпански клубови кои го поддржуваат новото натпреварување и кон Флорентино Перез, кој треба да биде првиот претседател на европската Суперлига.

„Самопрогласените гуруа и водачи на Суперлигата, пијани од вообразеност и недостаток на солидарност кон останатите, конечно излегоа од подземјето каде живееја во претходниот период. Веќе работиме со УЕФА со цел тие господа да добијат адекватен одговор“, изјави Тебас

Коронавирус