среда, 2. декември 2020. Вести денес: 16
home Фудбал

Голема трансфер бомба во Англија: Срушени три рекорди- Челзи купи голман за 80 милиони евра

Голема трансфер бомба во Англија: Срушени три рекорди- Челзи купи голман за 80 милиони евра

Кој вели дека во еден ден не може да се заврши голем трансфер? Вистинска трансфер бомба. Изгледа дека секако може, доколку раката ја ставите подлабоко во џеб.

Кепа Аризабалага ќе стане нов голман на Челзи. Како што пишуваат медиумите тој треба да пристигне на лекарски прегледи во Лондон, откако клубот ја активирал неговата клаузула  од неговиот договор и така го ослободил од секоја обврска кон Атлетик Билбао. Двајца адвокати од Лондон пристигнале во седиштето шпанската фудбалска федерација и ја поднеле целата потреба документација за трансферот, како и гаранциите дека на клубот од Баскија ќе им бидат исплатени 80 милиони евра.

Се работи за најскапиот трансфер во историјата кога во прашање се голманите. Да потсетиме, пред 20 дена Алисон го спушти од тронот голманот на Манчестер Сити, Едерсон, откако Ливерпул на Рома за него и плати 75 милиони евра, но Челзи се погрижи тој на тронот да биде само 20 дена, откако за Кепа плати 5 милиони повеќе.

Овој трансфер не беше очекуван. Предизвикан е од заминувањето на Тибо Куртоа, кој оди во Реал Мадрид, каде треба да пристигне утре на лекарски прегледи и да потпише договор со клубот, а Кепа не беше единствена опција за тимот на Маурицио Сари. Во текот на вчерашниот кога стана јасно дека Белгиецот заминува, во врска со Челзи беа доведени Јан Облак, Џордан Пикфорд и Џек Батленд. Можеше клубот од Лондон да помине поевтино, доколку ја избереше опцијата Батленд, чиј клуб,Стоук, испадна од Премиер лигата, но клубот се одлучи за скапоцен поклон за Сари, кој не потроши премногу ова лето. Покрај тоа, клубот доби чувар на мрежата за подолг период, затоа што Кепа има само 23 години.

Кепа минатата зима беше на чекор до Реал Мадрид. Работата практично беше договорена, младиот голман беше на лекарски прегледи, но Зинедин Зидан во последен миг го стопираше трансферот.

За крај податокот дека ова е најскапо купување во историјата на Челзи, односно најскапо продавање во историјата на Атлетик Билбао.  Значи со овој трансфер срушени се три рекорди.

Коронавирус