сабота, 28. март 2020. Вести денес: 108
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Голем удар за Сити, Агуеро аут за дербито на Манчестер

Голем удар за Сити, Агуеро аут за дербито на Манчестер

Напаѓачот на Манчестер Сити, Кун Агуеро ќе го пропушти големото дерби на Манчестер против Јунајтед, а веста ја потврди менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, за време на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар.

Ова е огромен удар за тимот, а при негативен резултат, амбициите на Сити да ја одбраната титулата во Премиер лигата ќе станат практично ништовни, бидејќи веќе водството на лидерот во рангирањето, Ливерпул е веќе доста сериозно.

– Кун нема да игра, но за наша радост Зинченко тренира последните неколку дена и е подготвен. Сепак, не можам да кажам колку минути ќе игра, објави Гвардиола.

Дербито меѓу двете екипи ќе се игра утре со почеток во 18:30 часот на „Етихад“. (МИА)