сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 13
home Фудбал

Голем удар за Германија: Озил пред напуштање на Бундестимот

Голем удар за Германија: Озил пред напуштање на Бундестимот

Таткото на Месут Озил, Мустафа, го повика својот син да се откаже од германската репрезентација, по мноштвото критики насочени кон ѕвездата на Арсенал по елиминација на светскиот шампион во групната фаза на Светското пренство во Русија.

Бундестимот заврши на последно место во групата Ф со само три нода, доживувајќи порази од Мексико (0:1) и Јужна Кореја (0:2).

Според таткото на Озил, неговиот син се чувствува навреден од фактот дека повторно станал жртвено јагне.

– Ако бев на негово место, јас ќе кажев: „Благодарам, но тоа е доволно“, изјави Озил постариот за „Билд“.

Тој додаде дека неговиот син е „скршен, разочаран и навреден“.

– Да, тој беше навреден кога неговите навивачи го исвиркаа на контролниот натпревар против Австрија пред Светското првенство. Месут не разбира зошто, додаде Мустафа.

Озил и Илкај Гундоган го навлекоа гневот на многу Германци заради заедничка фотографија со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

– Месут не треба да биде обврзан постојано да се брани. Тој играше за репрезентацијата девет години и стана светски шампион. Секогаш се вели дека ако победуваме, победуваме заедно, но ако губиме, тоа е поради Озил. Тој беше исвиркуван и претворен во жртвено јагне. Јас целосно разбирам зошто се чувствува навреден, додаде Мустафа Озил.

Коронавирус