понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 98
home Фудбал

Голем скандал со местење откриен во Премиер лигата

Голем скандал со местење откриен во Премиер лигата

Најдобрите шест клубови не може да се сретнат во првото и во последното коло, како и за време на полуфиналињата на ФА Купот. Барем еден дуел меѓу  топ шест клубовите мора да има во 26 викенди.

После години од тренерските прозивања во Премиер лигата дека распоредот е наместен, а не како што треба извлечен, вистината излезе на виделина.

Последните неколку сезони распоредот е стратешки среден така што најдобрите шест клубови не може да се сретнат во одредени кола, односно во првото и последното, како и за време на полуфиналињата од ФА Купот. Покрај тоа барем еден дуел меѓу топ 6 клубовите мора да има во 26 викенди, но исклучена е можноста за одигрување на два големи натпревари неделно.

Најдобрите шест се одредуваат на темел на резултатите од последните три сезони, а тие се по овој редослед: Манчестер Сити, Тотенхем, Арсенал, Челзи, Мансчестер Јунајдед и Ливерпул.

Друг распоред имаат и клубовите кои спаѓаат во најдобрите осум, а тука во големата четворка се приклучија Саутемптон и Евертон.

Кај најдобрите осум клубови осигуран е барем еден меѓусебен дуел неделно, како Премиер лигата би избегнала недела без интересен натпревар.

Лигата со ваквото правење на распоредот става приоритет на големите клубови, па им ја зголемува заработувачката од неанглиските медиуми,истовремено угодувајќи им и на домашните и на странските телевизиски куќи.

Овие доверливи информации се наоѓаа во документот пратен од сопствениците на правата за пренос на Премиер лигата, кој содржи посебни делови за распоредот на топ 6 клубовите, односно најдобрите осум низ периодот од 2019 до 2022 година.

Со поголема телевизиска гледаност, ова е обид да се зголеми бројот на гледачи во живо, со оглед на тоа дека во првото коло обично има помала публика, поради тоа што се одигрува за време на празниците, а во последното не се игра за да еден натпревар да не го одземе вниманието од друг натпревар, бидејќи во последното коло сите почнуваат во исто време.

Коронавирус