вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 167
home Фудбал

Голем потег: Покетино не можеше да ги види играчите на Тотенхем, па им напиша порака на таблата во соблекувалната (ФОТО)

Голем потег: Покетино не можеше да ги види играчите на Тотенхем, па им напиша порака на таблата во соблекувалната (ФОТО)

Поради паузата за репрезентативни настапи, Маурисио Покетино не можеше лично да се збогува со фудбалерите на Тотенхем, но најде начин да им каже што мисли.

Веднаш откако добил отказ, Покетино облечен уште во опрема од клубот, отишол во соблекувалната да им напише порака за збогум на своите фудбалери.

На таблата на која вообичаено им пишувал тактика, Покетино напиша: „Големо благодарам за сите вас! Не можевме да се збогуваме… Секогаш ќе бидете во нашите срца“.

Пораката која е од Покетино и неговиот стручен штаб, на социјалните мрежи ја објави Хесус Перез, вториот негов помошник.

Голем гест на Покетино кој не освои титула со Тотенхем, но направи многу за овој англиски тим, го придвижи неколку скалила нагоре овозможувајќи му речиси секоја сезона да игра Лига на шампиони, а и да почувствува како е да се игра во финале на најголемото клупско натпреварување.