понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Голем пех за Јаховиќ – еден месец пауза поради повреда на главата

Голем пех за Јаховиќ – еден месец пауза поради повреда на главата

Македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ кој викендов имаше деби со гол за новиот клуб Анталијаспор, откако изминатата недела го направи трансферот од Јени Малатија доживеа голем пех поради повреда на главата, па ќе мора да паузир во следните месец дена.

Јаховиќ дебитираше за Анталија на гостувањето кај Денизли и со гол ја најави убедливата победа, но поради повреда на главата при еден судир со противнички играч со главите има посериозен потрес на мозокот, па беше заменет на полувремето од мечот и сега според информациите од Турција ќе мора да паузира помеѓу три и четири недели.

Јаховиќ бил пренесен во болница со хеликоптер во приватна клиника во Анталија, а таму ќе остане уште неколку дена, но нема да има потреба од некаква операција, но затоа ќе мора да паузира скоро цел еден месец.

Бившиот македонски репрезентативец со Анталија потпиша едно ипол годишен договор со опција за уште една година, а дојде после само шест месеци откако играше за Јени Малатија Спорт и моментно е во топ три стрелци во турската Суперлига.