сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 30
home Фудбал

Годин раскина со Интер

Годин раскина со Интер

Дефанзивецот Диего Годин го раскина договорот со Интер, објавија италијанските медиуми. Уругваецот имаше договор со „нероазурите“ на уште две години, но сега се согласи со управата да го раскине договорот. Сепак, повеќе детали од разговорите меѓу двете страни не се откриени.

Триесет и четири-годишниот ветеран сега може да потпише со Каљари како слободен агент. Тој се согласи со раководството на екипата од Сардинија и се очекува да се приклучи на клубот до 2023 година. Трансферот се очекува да биде објавен подоцна денес.

Раскинувањето на договорот со Годин беше важно за Интер, бидејќи клубот ослободи средства во буџетот за да го привлече Артуро Видал од Барселона.

Коронавирус